Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ова е важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир

83

Денес, после 26 години, Македонија конечно го потпиша протоколот за членство во НАТО. На граѓаните им честитаме за овој важен момент кој за сите нас значи сигурност и мир.

Горди сме што го препознавме моментот, важноста на оваа шанса за нашата татковина и искрено убедени ја поддржавме стабилноста и безбедноста за нашите граѓани.

Пред нас има уште многу предизвици, исправено ги чекаме и кон сите реформи ќе пристапиме одговорно и целосно ќе се вложиме Македонија да биде успешна приказна на Балканот, интегрирана и во ЕУ.

НЕЗАВИСНА Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ