Нежни пилешки топчиња потпечени во сос

210

Смачено ви е од пилешки стек со прилог од компири или зеленчук, а не можете без пилешко? Време е да пробате малку поинаков начин да уживате во пилешкото месо – како овие мали залачиња зачинето пилешко. Се приготвуваат брзо и едноставно, а сепак се несекојдневно јадење. Достоен ручек за викенд.

Потребно е:

  • 500 г пилешко месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 2 чешниња лук
  • 200 мл павлака за готвење
  • 150 кашкавал
  • Сол, црн пипер, зачини по вкус

Приготвување:


Пилешкото месо исечкајте го на помали коцкички, додајте ги исечканиот кромид и зачините.

Потоа скршете едно јајце во смеса и убаво соединете ги состојките, па направете топчиња.
Печете ги во загреана рена на 180 степени Целзиусови, 10-15 минути.

Во меѓувреме подгответе го преливот од изренданиот кашкавал, течната павлака и лукчето.

Прелејте ги месните топчиња па вратете ги во рерна на уште 15-20 минути, односно додека да се впие павлаката во топчињата, а кашкавалот да се растопи.