Раде Шербеџија на својот протил на Фејсбук објави емотивна порака со која ги разнежни срцата на илјадници негови обожаватели. Славниот актер во пораката откри дека тој и неговата сопруга Ленка прославуваат јубилејна 30-годишнина од бракот.

„30-годишнина од мојата венчавка со Ленка…Се венчавме во Белград на 29.06.1991 година. Менувавме градови и држави. Родивме три деца. Направивме сопствен театар на најубавиот остров на Јадранското моро. Имаме прекрасно семејство. Имаме и доволно вистински пријатели. И се уште цврсто се држиме за раце“ – напиша Раде Шербеџија.

Раде и Ленка Шербеџија во бракот имаат три ќерки – Милица Алма, Нина и Вања. Од првиот брак, Раде ги има ќерката Луција и синот Данило.