Неексплодирана граната од Првата светска војна откриена на патот кон битолското село Могила

47

 

При ископ на патот кон селото Могила, откриена е артилериска граната од Првата светска војна.

„На 22.06.2022 во СВР Битола било пријавено дека при ископ на патот на крстосницата за с.Могила, битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната со калибар 105мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување,  а увид извршила екипа од СВР Битола – информираат од МВР.