Недолично однесување во скопската Зоолошка: Вознемирувал магариња, па се пофалил/ВИДЕО

4118
Фото: Printscreen

Разочарана од односот на посетител на скопската Зоолошка градина и неговото недолично однесување, заменик-директорката Тина Мицковска на својот профил на Фејсбук објави видео за пример како не треба да се однесува еден возрасен човек.

Видео било поставено на „Тик-Ток“, каде посетителот на несовесен и вулгарен начин ги вознемирува магарињата во нивниот простор.

-Уште еден што сака да влезе во категоријата Простак на годината, а богами ова е веќе и зоофилија. Ваквите снимки треба да не едуцираат како НЕ ТРЕБА да се однесува еден возрасен човек… Ваквите однесувања може да ги сопреме само ако јавно вака ги направиме „славни, категорична е Мицковска, која воедно е и прв соработник во Зоолошката градина.