Неделни теренски активности на ЈП „Водовод и канализација“

80

Екипите на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, во периодот од 13 до 19 јуни, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

-Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод и канализација: отстранување на дефекти на улиците: „Сараевска“ 36, „Дижонска“ 15/18, „Брсјачка Буна“ 89, „Душан Тасковиќ“ 5б, „Боривое Милошевски“ 45, „Ново село“ 5/128, „Ленинова“ бб, „Малешевска“ 30, „Никола Малешевски“ 2, „12 Ударна Бригада“ 81, „Финска“ 187, „Копаница“ бб, „Славејко Арсов“, „Дабница“ 9, „Јани Лукровски“ бб, „ул.5/44“- Волково, улица „2“ бр.3 Усје, „Коце Металец“ 1г, улица „Франц Прешерн“ бб, улица „3“- Студеничани, „М. Междуречка“ 23, улица „Сава Михајлов“ и улица „5“ – Трубарево – информираат од претпријатието.

Оттаму додаваат дека тековно се одржуваат шахти и замена на водомери.

ЈП „Водовод и канализација“ продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.