Неделна радост во Скопје Зоо – се роди бебе лемур 

175

Неделна радост во Скопје Зоо – се роди бебе лемур. Оттаму потсетуваат дека прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2.200-2.400 лемури.

– Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот. Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија. Очигледно, скопската топла клима, но и грижата за нив, се клучни да имаме најмногу бебиња од овој загрозен вид – информираат од Скопје – ЗОО.

Заедно со сите вас, да ја покренеме свеста за овие прекрасни и уникатни животни од Мадагаскар.