Недела на одлуки: Mицковски бара, Заев се мисли

73

Извори од СДСМ брифираат дека во партијата преовладува расположение да се оди на предвремени парламентарни избори. За владиниот партенр ДУИ пак, во моментов не е време за предвремени избори и дека сега треба фокусот да биде ставен на спроведувањето на реформи, пред се на економијата

Неделава , откако премиерот Зоран Заев се врати од скијање од Германија, на „Бихаќка# ќе се донесе конечна одлука – дали да се прифати предизвикот од опозицијата, дали со редовните претседателски избори ќе се одржат и предвремени парламентарни избори.


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, бара распуштање на Парламентот и одржување на парламентарни со претседателски избори.

“ВМРО-ДПМНЕ бара избори, заедно со претседателските. Ги бараме веднаш, избори на еден трошок, парламентарни со претседателски. Бараме за да граѓаните стават крај на ова лудило, на ова бесчестие што и се случува на Македонија, да го стопираат губењето на државата.
Овие избори доколку се случат, нема да бидат избори на кој само се избира премиер и претседател на државата, туку избори на кој се одлучува за Македонија. Ова ќе биде најзначајниот референдум за Македонија, на кој граѓаните ќе ја носат најважната одлука во својот живот за иднината на својата земја. Еднакво важна или можеби и поважна одлука од таа на 8 септември 1991 година. Треба да сфатат луѓето дека со оваа власт Македонија ќе ја нема во овој облик и форма која ја знаеме затоа треба избори, претседателски и парламентарни со техничка влада за да се сопрат можностите и опаснстите за криминал, за местење на изборите. Таквото местење преставуваат сериозна закана бидејќи овие луѓе само така може да опстојат на власт. Со местење. Со притисоци и закани, затоа бараме техничка влада. Заев нека не се крие во Германија на скијање. Нека дојде и распише избори. Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе победи, а Заев ќе падне, ќе падне силно и ќе биде отфрлен од народот, вели Мицковски во интервју за пресс24. Медиумите повикувајќи се на извори од СДСМ пренесуваат дека во партијата преовладува расположението да се оди на предвремени избори. За владиниот партенр ДУИ пак, во моментов не е време за предвремени избори и дека сега треба фокусот да биде ставен на спроведувањето на реформи, пред се на економијата. Експертите сметаат дека предвремените парламентарни избори, не само што ќе бидат товар за државниот буџет, туку и ќе му наштетат на приватниот сектор и ќе предизвикаат застој во реализирање на странските инвестиции.
-Од економски аспект нема логика бидејќи предвремените избори носат директни трошоци, кои ќе бидат товар за буџетот и трошоци кои ќе произлезат како последица на предвремените избори. Значи, има трошоци за организирање на изборите, трансфер на пари на политичките партии итн. Потоа имаме трошок, кој секако не е директен, туку е опортунистички. Потоа времето што ќе го изгуби Владата со потребните реформи, што би можело да предизвика и штета врз приватниот и економскиот сектор во земјава, бидејќи нивните инвестиции ќе треба да чекаат подобри времиња – вели Висар Адеми.
Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија вели дека честите изборни циклуси негативно влијаат врз економскиот развој на државата.На адреса на актуелната влада во изминатиот период од одредени економски аналитичари и универзитетски професори стигнаа низа критики за економијата. Кабинетот на Зоран Заев во 2018 беше целосно фокусиран на Договорот од Преспа и евроинтеграциите поради што економијата беше во втор план. Но, 2019 ја најавуваат како година на економијата.

 Кој ќе биде кандидатот на СДСМ и ДУИ?
Владеачките партии -СДСМ и ДУИ се сѐ поблиску до договор за името на консензуалниот претседателски кандидат на претстојните избори, брифираат партиски извори.
Иако официјално преговорите меѓу двете владејачки партии сѐ уште не се започнати, тоа се о;екува неделава, во партиските кулоари веќе се вртат имињата на можните кандидати за наследник на Иванов, за кои би се постигнал компромис меѓу двете партии на власт.
Како што е веќе познато, високи функционери од Бихаќка и Мала Речица истакнаа дека постои начелен договор да се изнајде заемно прифатлив кандидат, кој ќе биде над партиските и етничките линии.
Инаку, во изјава за Нетпрес, вицепремиерот задолжен за европски прашања, од редовите на ДУИ, Бујар Османи, потврди дека консултациите со СДСМ започнуваат денеска, но и дека имиња на потенцијални кандидати засега нема.
Последната анкета на Телма и МЦМС покажа дека консензуален кандидат е можен меѓу СДСМ и ДУИ, каде повторно на врвот на листата е Заев за кого би гласале 10,2% од Македонците и 11,2% од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. Кандидатите кои се независни или се сметаат за потенцијални кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не можат да сметаат на гласовите на етничките Албанци. Сепак доколку партиите на Албанците излезат со свој кандидат мнозинството од гласови ќе остане тој кампус, при што прв е Бујар Османи – 22,7% поддршка, а веднаш зад него е Имер Селмани со 20,8. Далеку на трето место е Теута Арифи – 12,3 %.Во македонскиот политички блок голема е подвоеноста. Приврзаниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ не би гласале за кандидат од спротивниот табор. Интересно е и тоа што испитувањето покажа висок процент на неодлучност кај поддржувачите на ВМРО–ДПМНЕ.Доколку со претседателските се одржат и парламентарни избори резултатите покажаа дека СДСМ би освоило 26,9% од гласовите, додека ВМРО-ДПМНЕ би добило 21,6 проценти. Поддршката за ДУИ би била – 7,4%, Алијансата 3,1%, БЕСА – 2,5. Висок е процентот на оние кои или нема да гласаат, вкупно 35,7%.