Неделава почнуваат уписите во прва година во средните училишта

155

Пријавувањето и запишувањето на ученици во прва година, во јавните средни училишта во учебната 2020/2021 година ќе се реализира во еден уписен рок и истото започнува со првото пријавување кое ќе се реализира секој ден од 16 до 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот и на 19 јуни од 7 до 13 часот.  Уписите продолжуваат во второто и третото пријавување од уписниот рок на 24, 25 и 29 јуни.  

Утврдените временски термини се поставени на веб страните на училиштата и комуницирани преку социјалните мрежи, а целта на проширените термини е да се овозможи максимална безбедност за сите кои се дел од процесот.

– Од учениците се очекува да имаат претходно пополнета Пријава и целосна документација со цел што пократко задржување во училиштето. Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат без придружба од родител/ старател со исклучок на ученици кои од оправдани причини се спречени самостојно да го извршат уписот, и во тој случај се дозволува присуство на еден родител/ старател. Користењето на заштитна опрема како маски и ракавици, одржувањето два метри раздалеченост и целосно почитување на насоките од присутните редари е задолжително за секој посетител – информираат од Град Скопје.