Во текот на оваа недела ќе се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството. Во понеделник или вторни, турската државна компанија „Боташ“ ќе ја достави понудата со количината и со цената за испорака на гас и на електрична енергија, како и цената на преносот. Она што е јасно е дека доколку се постигне договор, ќе се користи гасоводот „Турски тек“, кој има краци во Бугарија и во Грција.

Надлежните уверуваат дека за домаќинствата и за малите компании што се на регулираниот пазар, струја е обезбедена до март идната година. На дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона, виси и снабдувањето на скопјани со топлинска енергија. Од електраната ТЕ-ТО, која истовремено произведува струја и топлинска енергија, велат дека резерви на гас имаат до крајот на септември и дека договор за набавка на нови количини засега немаат. Исто така, резерви на енергенс за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад нема ниту „Балкан енерџи груп“. Иако со одземени лиценци за работа, БЕГ има законска обврска да испорача услуга кон граѓаните,  а, исто така, не треба да стравуваат и корисниците на топлинска енергија и дека грејната сезона ќе почне навреме

Во текот на оваа недела ќе се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството. Надлежните уверуваат дека за домаќинствата и за малите компании што се на регулираниот пазар, струја е обезбедена до март идната година, а, исто така, не треба да стравуваат и корисниците на топлинска енергија и дека грејната сезона ќе почне навреме.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека интензивно се преговара со соседните држави за да се обезбеди струја за стопанството и доволни количини суровини за домашните енергетски капацитети. Вели дека со посредство на Стопанската комора, започнати се разговори со Србија, Бугарија и со Грција, како и со Турција за обезбедување доволна количина енергенси и електрична енергија за зимата.

В понеделник или вторник, турската државна компанија „Боташ“ ќе ја достави понудата со количината и со цената за испорака на гас и на електрична енергија, како и цената на преносот. Она што е јасно е дека доколку се постигне договор, ќе се користи гасоводот „Турски тек“, кој има краци во Бугарија и во Грција.

– Оваа зима ќе биде ужасна, ги гледате сите обраќања во ОН, каде што сите претставници на држави зборуваат за кризи што се случуваат. Цените, во моментов, на светските енергетски берзи, не се соодветни за македонското стопанство, меѓутоа не се соодветни за ниту едно друго стопанство во регионот и во Европа. Ќе продолжиме со таа борба за обезбедување енергенси – истакнува Ковачевски во интервјуто.

Тој потсетува дека Европа и светот, освен што се соочуваат со недостиг на електрична енергија, добар дел од земјите ќе се соочат со логистика во испораката на храна.

– По движењата на пазарот на енергенси и негативното влијание од војната во Украина, се гледа дека оваа зима ќе биде најтешка по Втората светска војна – додава Ковачевски.

Освен активните преговори со соседните земји за обезбедување електрична енергија за стопанството, премиерот посочи дека е зголемено производството на електрична енергија во државните капацитети РЕК „Битола“, „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“.

– Го имаме зголемено и производството на електрична енергија во државните капацитети РЕК „Битола“, „Осломеј“ и ТЕЦ „Неготино“. Со тоа ја обезбедуваме електричната енергија за граѓаните и за малите потрошувачи. Некаде околу 600.000 домаќинства и 70.000 мали компании добиваат субвенционирана струја од 80 отсто – што значи дека доколку не е субвенцијата од државата, тие би плаќале пет пати повисоки сметки за енергија – потенцира Ковачевски, нагласувајќи дека борбата за обезбедување енергенси продолжува.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најавува позитивни сигнали и дека веќе неделава ќе се знае што може да му понуди Владата на стопанството во однос на набавката на струја. Според него, сè што е под берзанската цена, може да се третира како ниска цена.

– Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра за мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино, зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да го плати, но се обидуваме да им обезбедиме. Ова се времиња на преживување. Со нив сме во секојдневен контакт, со повеќето од претставниците на членките или компаниите на слободниот пазар и следната недела ќе имаме јасна слика што е тоа што ќе го понудиме –  изјави Битиќи.

Договорот за петте гигавати струја до Бугарија што би ги користела индустријата, виси бидејќи двете страни не се договорија за цената за мегават-час. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека договор не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават-час. Засега нема најави за нова средба на работните групи.

Досега, со Србија е договорена испорака на гас, но се утврдува начинот на транспорт. Со северниот сосед е договорено и преносната мрежа да биде отворена во текот на целиот период. Од Грција ќе имаме континуирана испорака на јаглен, мазут и на лигнит, тоа се енергенси неопходни за непречено производство на струја на домашните капацитети.

Виси снабдувањето со топлинска енергија за скопјани?

На дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона, виси и снабдување на скопјани со топлинска енергија. Од електраната ТЕ-ТО, која истовремено произведува струја и топлинска енергија, велат дека резерви на гас имаат до крајот на септември и дека договор за набавка на нови количини засега немаат.

Исто така, резерви на енергенс за производство на топлинска енергија за топланите Исток и Запад нема ниту „Балкан енерџи груп“. Иако со одземени лиценци за работа, БЕГ има законска обврска да испорача услуга кон граѓаните, сè додека, како што објаснува вицепремиерот Фатмир Битиќи, ЕСМ Енергетика не го реши спорот со АДОРА и не ги преземе топланите.

–  Во овој момент, дистрибутивната мрежа е предадена на владеење на ЕСМ, кое има лиценца за испорака на услуга. Останува само опремата. БЕГ мора да испорачува услуга сè додека не влезе новиот економски оператор. Ние имаме договор и техничка соработка, а сè уште имаме можност за користење на опремата што е таму со претходните договори, кои ги имаат потпишано БЕГ и АДОРА. Ова се билатерални односи на две компании – вели Битиќи.

Од АДОРА минатата недела соопштија дека продажбата на топланите, за нив, е единствената опција и тоа по цена по која беа купени од АД Топлификација.

(С.Бл.)