Неда Украден сака да се мажи, бара сопруг кој се разбира во добро вино

305

Тој не смее да биде здодевен, мора да биде многу, многу интересен. Да е духовит, умен, да му се восхитуваат, да биде успешен во работата дури и да е пензионер. Да не е комплициран!“

Неда Украден е екстра позната поп-пејачка, која веќе подолго време има и хит за хит, а воедно во приватниот живот нема љубов. Таа е сама. Како што стојат работите, тој статус ќе се промени во блиска иднина. Неда одлучила да си најде сопруг со кој ќе ги сподели доброто и лошото, а воедно открива дека ѝ се додворуваат мажи од сите годишни возрасти.

-Им се допаѓам и на помладите и на постарите. Не би сакала да биде толкава разлика во години за да не му бидам како мајка, вели Неда.

-Кога би можела точно да знам каков сакам да имам за сопруг, до сега не би била сама. Во овие години барам нешто поразлично од сите до сега.Тој не смее да биде здодевен, мора да биде многу, многу интересен. Да е духовит, умен, да му се восхитуваат, да биде успешен во работата дури и да е пензионер. Да не е комплициран. И што е најважно да знае што е добро вино! Бидејќи обожавам вина.                                                                                                                                           Да се разбира и во квалитетна храна, да се воодушевува со прекрасно цвеќе, давајќи ми  комплименти… И  секако како маж да знае кога да удри по масата со тупаница! Сето тоа е услов… Не барам многу, нели? А, бојата на очите,  силните мускули, дали е депилиран или не, дали носи обетки во увото…..тоа ми е сосема небитно, изјави баба Неда, која има веќе три внучиња, а сега си бара сопруг. Да дама не е сама! (Д.М.)