Неда Украден прими вакцина: Ништо не ме болеше!

63

Нејзе короната по се изгледа не и може ништо. Пејачката Неда Украден и на почетокот на пандемијата со коронавирусот беше една од оние ретките која на инфекцијата не ѝ даваше некоја важност. Најважно ѝ било да продолжи со естрадниот бизнис, со концертите, со турнеите, со новите песни…бидејќи од сето тоа Украден правеше многу убави пари. Но наеднаш сè застана, естрадата скоро замре пред оваа чума, а Неда Украден, како што и самата кажа, се најде во сиромаштија.

„Барав помош од државата, ги добив парите заслужено. Немам концерти, од што да живеам, се прашуваше Неда. За да се врати во нормалното секојдневие Неда сега апелира сите да се вакцинираме, ако сакаме пак да заработуваме, да сме здрави, а публиката да ја има на концерти, секако вакцинирана против короната„.
Затоа Неда деновиве и самата си прими вакцина, фалејќи ги сите доктори за извонредната човечка постапка.

„Браво за совршена организација, за лекарите, сестрите, целиот медицински персонал. Примив вакцина, ништо не ме болеше, порача Украден која не губи надеж и за ова лето на големо ги подготвува концертите долж црногорското јадранско крајбрежје“. Д.М. foto>Instagram