Неда Украден нема корона, сега ќе може пак да заработува

366

Неда пред помалку од месец дена беше жестоко критикувана од пејачот Аца Лукас поради нејзината јавно искажаната кукумјавка дека заради короната изгубила премногу пари со откажаните концерти

Пејачката Неда Украден не престанува да ја изненадува јавноста и тоа со години наназад. Многу вешто знае да се вклопи со настаните, но како најцрн нејзин потег беше оцрнет оној кога се сликаше покрај нејзината колешка Уснија Реџепова, кога Уснија беше во болесничка постела скоро на умирање. Откако сега сме сите зафатени со настаните околу овој вирус, Неда пак крена медиумски прав.

Таа сподели фотографија од автомобилот, а потоа го покажа и негативен тест за короната. Храбро и оптимистички напиша: “Збогум корона“! Дали тоа значи дека со отворањето на границите и нејзините настапи надвор од Србија конечно можат да тргнат? Доколку се сеќавате, Неда беше скоро жестоко критикувана од Аца Лукас поради нејзината јавно искажаната кукумјавка дека поради короната изгубила премногу пари. Како другите да не изгубиле!  (Д.М.)