Неда не се дава – таа е најсексапилната естрадна баба

218

Иако влезе во седмата деценија од животот, популарната пејачка Неда Украден објави фотографија од плажа. На сликата е во изворна природна убавина. На неа нема ништо вештачко, па токму поради тоа сите се чудат како тоа и успева на Неда?

Таа вели дека преку лето практикува секогаш кога може да плива и да јаде морски јадења. Неда има можност за сето тоа. Летува во својата луксузна куќа во црногорското туристичко место Лепетани, покрај Будва, каде што е со целото семејство, со ќерката Јелена, со внуците и со зетот.

Неда додава дека нема зошто да се срами од своето тело, кое според неа е фантастично, со оглед на нејзините 69 години. И ние веруваме дека Неда одлично се чувствува, дека не се дава, а веројатно и вие го мислите истото додека ја гледате најсексапилната естрадна баба.

Д.М.