Неда Арнериќ заминува за Индија – сака да живее како Мајка Тереза

245

Откако Неда Арнериќ  гостуваше во Македонија во театрите во Струмица и Битола, со претставата „Се извинуваме, многу се извинуваме”, најавува дека ја очекува голем животна промена.
Имено, славната Неда решила да замине во Индија. Таму целосно ќе го смени својот живот кој овде во Белград во Европа ѝ е здосаден.
-Ќе се откажам од финансиските благодети во Белград. Ќе носам стара облека, ќе постам, ќе се молам, ќе имам само еден оброк дневно. Ќе им помагам на сиромашните, на болните – изјавила Неда, ветувајќи дека потоа ќе напише книга во која ќе го опише тој свој живот во Индија.

Арнериќ е важен лик во македонската кинематографија, откако во 1977 година ја одигра култната улога во филмот „Исправи се Делфина”, инспириран од вистински настан, препливувањето на каналот Ламанш на македонската маратонска пливачка дива Атина Бојаџи.
Во филмот, една од главните улоги играше и актерот Диме Илиев кој пред три недели, за време на гостувањето на Неда во театарот во Битола, ја изненади на бината приредувајќи и емотивна средба. Инаку, Неда пред некое време поради смртта на својот многу сакан сопруг, хирургот Мештеровиќ, се обиде да изврши самоубиство. Сепак лекарите успеале да ја спасат, а сега Неда влегува во еден поинаков живот во кој нема пари, нема финансии, нема гламур, нема шопинзи, нема козметика, нема медиуми, но ќе има само многу богата духовност: како кај мајка Тереза! Таа тоа и го сака. Д.М.