Неда Арнериќ во тешка состојба префрлена на интензивна нега

70

Познатата српска глумица Неда Арнериќ синоќа во критична состојба била хоспитализирана во белградскиот Ургентен центар.

Српските медиуми наведуваат дека Арнериќ (65 години) ја пронашол нејзиниот брат, кој, откако не му се јавила на телефон, отишол кај неа, ја нашол во безсознание и повикал итна помош.

Засега надлежните официјално не ги потврдиле овие наводи.