Ќе ги воодушевите гостите, а освен малку повеќе трпение, бифтек „Велингтон“ се подготвува прилично едноставно. Не се потребни многу состојки, но она што го прави единствен, е комбинацијата на вкусови, која нема да ги остави рамнодушни ниту најголемите гурмани.

Состојки:

  • бифтек (оригиналниот рецепт е со јунешки бифтек)
  • сол и бибер
  • пакување лиснато тесто
  • едно јајце
  • вода
  • путер
  • 150 гр печурки, ситно сецкани
  • една главица кромид, ситно сецкан

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 220 степени. Ставете го бифтекот во подмачкана тава за печење, добро посолете го и ставете бибер. Нека се пече околу 30 минути. Откако ќе се испече, оставете го да се излади добро, или ставете го еден час во фрижидер.

Рерната оставете ја да се загрева на 220 степени, а потоа изматете едно јајце со една лажица вода. Путерот стопете го во тава, додадете кромид, а кога ќе зарумени, ставете ги печурките да се динстаат, додека не омекна и водата не испари.

Лиснатото тесто развлечете го лесно на набрашнета површина, премачкајте го со јајце, па распоредете ги печурките во тенок слој. На средина ставете го бифтекот, замотајте го во тестото и притиснете ги краевите убаво да се залепат.

Премачкајте го тестото со јајце и печете половина час, или додека не зарумени.

Јадењето служете го топло.

Пријатен вкус и уживајте!