Невреме и град во Далмација, температурата падна за 12 степени

139

Некои делови на Далмација денеска беа погодени од големо невреме.

Според Индекс.хр, околу 13:30 часот, големо невреме со град го зафатил подрачјето на Каштел Штафилиќ и западниот дел на Каштели, а невремето постепено се шири кон областа на Сплит, каде што интензивно грми.

Пред невремето, температурите биле високи, претежно над 25 степени, но за само половина час во Каштел Штафилиќ се спуштиле за 12 степени.

Град врне и во некои делови на Далматинска загора.