Светскиот шампион во УФЦ Хабиб Нурмагомедов, повторно најви  крај на кариерата. Дагестанецот стана голема ѕвезда и нема борец кој не би сакал да го победи, но според неговите зборови, само многу привилегирани борци ќе имаат шанса да се сретнат со него во кафезот.

-Ми остануваат уште неколку години, две – три максимум. Но, мислам дека ќе бидат две. Не сакам да се борам цел живот, бидејќи знам колку е тешко. Знам дека доаѓаат многу млади и гладни момци и знам дека не можам засекогаш да останам непоразен. Тоа е невозможно, а тука има многу примери од претходните години. Најчесто сите губеа, бидејќи не можеа на време да препознаат кога треба да застанат. За мене тоа отприлика се две годин, изјави Хабиб и притоа истакна:

-До неодамна не ни размислував за крај на кариерата. Но сега мислам дека сум многу близу да се случи тоа. Имам скор од 28:0 и ќе настапувам уште некое време. Наполнив 31 – година, тоа не премногу, но со 33 и 34 можам да престанам да се борам. Сега сум фокусиран на она што е пред мене. Имам уште квалитетни предизвици кои морам да ги поминам, изјави УФЦ шампионот

Наредниот меч на Хабиб би требало да биде против Тони Фергусон, но се споменува можноста ривалот да му биде Конор Мекгрегор или Џорџ Сент Пиер.