Азарбејџанската уметница Тунзале Мухамедзаде по три години непрекината работа успеа да го извезе текстот на Куранот на црна проѕирна свила.

Агенцијата АБНА јави дека на Мухамедзаде и биле потребни 50 метри проѕирна свила и 1500 метри златен и сребрен конец за да го испише првиот „свилен Куран“.