Невидено нешто во медицината: на пациентка ѝ експлодирала главата при зафат

218

 

Жена во Индија настрадала во болничкиот кревет кога се случила експлозија во нејзината уста при плакнење на желудникот. Шила Деви (40) била примена во болница откако испила непознат отров. Во текиот на зафатот дошло до бурна хемиска реакција, на жената ѝ експлодирала главата, а сигурносната камера снимила оган и чад кој се крева над постелата.


Шефот на медицинската болница во Алигара, во државата Утар Прадеш, соопшти за медиумите дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево го извлекувале отровот од стомакот на пациентката, како и дека телото е испратено на обдукција да се утврди причинителот на експлозијата.

„Постои можност да испила апчиња со алуминиум фосфат кој ослободува фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се многу запаливи во контакт со желудочната киселина и влагата во воздухот, објаснува доктро Заиди и додава дека вакво нешто не е забележано никогаш во историјата на медицината, и затоа е потребно дополнително истражување.