Неверојатно откритие: Пронајдена гробницата на Ромул, основачот на Рим/ВИДЕО

1961

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно му припаѓа на митскиот основач на градот Рим и прв римски крал Ромул.

Мала соба со обичен саркофаг, долг 1,4 метри и кружна камена структура за која се претпоставува дека била олтар, е пронајдена уште на почетокот на минатиот век, под Капитол во стариот римски Форум, но значењето на тоа откритие стана јасно по новите ископувања и истражувања.

Алфонсо Русо, директорот на Археолошкиот парк Колосеум, истакна дека локацијата веројатно потекнува од шестиот век пред новата ера и дека е сместена во најстариот дел на градот. Ова место се совпаѓа со историските записи за местото на кое е погребан првиот крал на Рим. Од Археолошкиот пар додаваат и дека станува збор за неверојатно откритие.

Според легендата, Ромул го основал Рим со неговиот брат Рем на 21 април 753 година п.н.е. Подоцна го убил братот и станал првиот римски владетел.

Извор: phys.org