Неверојатно: Во Египет уапсен е робот

90

Египетските власти уапсија робот уметник по име Аи-Да под сомнение дека се занимавал со шпиунажа.

Пред две години, група експерти за роботика и уметност, програмери и психолози направија робот.

Овој проект вреден милиони фунти постојано се надградува со унапредувањето на вештачката интелигенција, додека делата на Аи-Да достигнуваат изложби, наведува „Гардијан“.

Ајдан Мелер, сопственик на галеријата и менаџер на развојниот проект Аи-Да, наведува дека роботот е направен да го предупреди светот за опасноста од експлоатација на технолошкиот развој, односно потенцијалната негативна насока во која технологијата и вештачката интелигенција би можеле да се развијат .

Идејата на Мелер е Аи-Да да ја поттикне јавноста и експертите да дискутираат и размислуваат подлабоко за технологијата и нејзиното влијание врз светот.

Аи-Да е медиумски магнет, а нејзините дела се изложени во галерии и специјални изложби.

Мелер договори да ги изложи овие дела во Египет како дел од изложбата „Засекогаш сега“, на која се појавуваат некои од водечките и меѓународни уметници од Египет.

Но, патот до изложбата за роботот и Мелер беше доста стресен.

Египетските власти го приведоа роботот, или како што објавија некои медиуми – уапсен под обвинение за шпионажа.

Имено, бидејќи се работи за робот, јасно е дека е составен од разни компоненти, чипови и слично, а на цариниците им било сомнително дека има модем, а на местото на очите камера.

Поради ова, тие се посомневаа во шпионажа, па уметникот робот и Мелер беа држени под надзор додека не се разреши ситуацијата.

Проблемот го реши британската амбасада, по што Аи-Да беше ослободен од притвор, што значи дека сепак ќе учествува на египетската изложба.