Американскиот атлетичар, Ноа Лајлс (22), за малку ќе влезеше во историјата.

Лајлс на трката на 200 метри на „Игрите на инспирација“ го собори светскиот рекорд на Усаин Болт. Тој ја истрча делницата за 18.90, што е подобро од рекордот на Болт од 19.19 на Болт, но проблемот е што тој истрча 15 метри пократко од конкуренцијата, односно само 185 метри. Организаторите направија неверојатна грешка, односно го ставија во погрешна патека и со тоа ја намалија делницата за 15 метри.

Младиот тркач разбирливо остана во неверување, а својата фрустрација ја сподели на своите следбеници на Твитер.

  • Не можете да играте со моите емоции туку така. Тие ме ставаат во погрешна патека, напиша Лајлс.