Ндомбеле и Бакајоко во пакет

69

Француските интернационалци од редовите на Тотенхем и на Челзи, Тангуи Ндомбеле и Темуе Бакајоко, се најновата желба на раководните лица на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М). Двајцата ќе дефинирани како наследници на Тијаго Алкантара и Хави Мартинез, кои сигурно ќе си заминат од „Алијанц арена“ на крајот од актуелната сезона. Големата желба на баварскиот гигант ќе стане реалност доколку понудата за Ндомбеле не биде помала од 60 мил. евра, а таа за Бакајоко не помала од 35 мил. евра.