Ндомбеле добродојден во Милано

73

Италијанскиот калчо гигант Интер е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Тангуи Ндомбеле. Одличниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја имаше во изминатата сезона и од соработката со менаџерот на „петлите“, Жозе Мурињо, и затоа сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Ндобеле ќе се пресели во Милано само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 60 мил. евра.