Легендарниот тенисер Матс Виландер, во итревју за „Марка“, го спореди шпанскиот тенисер Рафаел Надал со коњ. Пензионираниот шведски тенисер го прашаа дали е загрижен за здравјето на Надал, на што отј одговори: „Не, воопшто“

„Кариерата на Рафа е таква. Секогаш го споредувам со коњ. Ќе трча најбрзо што може и ќе се бори“, одговори Виландер.

По елиминацијата од Мастерс турнирот во Рим, Надал изјави дека има проблеми со стапалото и дека секојдневниот живот му е исклучително тежок поради болки.

-Повредите го диктираат темпото на неговата кариера. Ќе продолжи додека не го спречат. Секогаш се враќа по повреди, така научил. Еден ден нема да може да се врати. Изгледаше дека ќе престане лани, но резултатите покажаа обратно, се  опорави за да имаш шанса пак да го освои Ролан Гарос, смета Виландер.