Новата сезона во НБА лигата ќе стартува далеку подоцна од очекуваното, откако комесарот Адам Силвер, објави дека сезоната 2020/21 нема да започне пред католички Божиќ.

Драфтот во НБА лигата треба да се одржи на 18 ноември, според добро информираниот новинар Шамс Чаранија, а новите одложувања на сезоната не би биле изненадувачки. Инаку, во НБА прават се за публиката полека да започне да се враќа на натпреварите, а наводно сè ќе биде подредено на тоа. Последен пат НБА лигата започна на Божиќ во 2011 година кога имаше локаут поради штрајк на кошаркарите.