НБА лигата очекува во сезоната 2021/22 сите арени да бидат исполнети до последно место, објави американска медиумиски компанија „ЕСПН“.

Клучот за оваа одлука е соработката на НБА со компанија „Clear“ која се занимава со биометриско следење и која овозможува забрзани безбедносни проценки и своите услуги ги пружа на голем број на аеродромите низ целиот свет.

Планот на НБА лигата е со користење на технологијата, сите 30 НБА екипи во своите сали да можат да ги следат здравствените протоколи поврзани со коронавирусот. Но, засега лигата планира да им остави на екипите сами да изберат како да ја користат технологијата.