Животот на спортските ѕвезда носи многу предизвици, а некои не можат да се справат со славата што ја поседуваат.

Сепак, има многу кои го губат времето на прилично бизарни работи, а меѓу нив е и кошаркарот на Феникс, Деандре Ајтон.

Оваа 23-годишен кошаркар живее многу непрофесионален живот. Спие само два часа дневно, а причина за тоа е неговата зависност од видео игри.

  • Станува околу 6 часот наутро и откако спие само два часа, појадува, седнува да одигра еден турнир и потоа оди на тренинг. Кога ќе се врати, тој повторно игра, а дури и на денот на натпреварите има распоред според кој наоѓа време за да игра, пишува порталот „ЕСПН“.

Поради ова, тренерот на „сонцата“, Монти Вилијамс, исто така ја намали минутажата на Ајтон на последниот натпревар од плејофот против Далас, а се почесто се зборува дека овој центар би можел да го напушти клубот во текот на летото.

Ајтон оваа сезона во НБА лигата има просек од 17.2 поени по натпревар, а во кариерата има над 16 поени по натпревар.