Кошаркарот на Голден стејт, Ендрју Вигинс, не сака да се вакцинира против коронавирус.

На НБА играчите им беше препорачано да се вакцинираат сите пред новата сезона, но Вигинс е еден од оние кои не сакаат да го направат тоа. Затоа, овој кошаркар нема да може да игра домашни натпревари на „воините“, бидејќи властите во Сан Фанциско порачаа сите спортисти да бидат вакцинирани за влез во сала. Инаку, причината зошто Вигинс не сака да се вакцинира е поради верски причини.

Ако тоа не се случи, Вигинс ќе треба да игра само гостински натпревари и секој пропуштен натпревар ќе го чини 350.000 долари.