Требаше да биде идното заштитно лице на НБА лигата, но со своето невнимание ги доведува во прашање и здравјето и кариерата.

Откако се појави на колеџот Дјук во 2018 година, Зајон Вилијамсон (21) важеше за нова сензација, пред се поради неговите неверојатни атлетски способности. Сепак, силниот кошаркар и „прв пик“ на НБА драфтот во 2019 година, мора да води сметка за колената, зглобовите и пред се за својата тежина. Сепак, тој не го прави тоа!

Зајон во текот на двете години во лигата често имаше проблеми со повреди, а минатото лето имаше операција на стапалото. Наместо да се грижи, се здебелил повеќе од 10 килограми. Поточно, сега има повеќе од 140 килограми.

Американските медиуми наведуваат дека неколку претставници на НБА лигата биле шокирани од неговата тежина кога дошол на подготовките. Минатата сезона имаше околу 125 килограми, но по операцијата очигледно целосно се опуштил и не е познато кога може да игра.

Засега сигурно е дека нема да игра во првите две недели од сезоната, а дали во меѓувреме ќе се опорави и неминовно ќе ослабне, останува да видиме…

Едно е сигурно, со вака прекумерна тежина, сигурно во догледно време ќе ја изгуби атлетската сила која ја имаше, што му донесе позиција на прв пик и убава перспектива.

Во спротивно, тој сериозно ќе го загрози својот потенцијал и одличната кариера што го чека доколку е посветен на неа.