Поранешната НБА ѕвезда, Ник Јанг, им даде совет на сите спортисти како да се ослободат од спонзорушите со кои имаат деца.

Многу НБА играчи треба да платат огромни суми на алиментација на девојки кои биле со нив само од интерес и кои останале бремени по сексуалните услуги.

Најнов пример е кошаркарот на Шарлот Хорнетс, ПЈ Вашингтон, кој дава месечно по 200.000 долари на Британи Ренер, која му роди дете. Таа неодамна јавно проговори за тоа колку е лесно да се земат пари од познати спортисти.

  • Со спортистите е најтешко да се справите. Ниту еден од нив не сака да користи кондом за време на сексот. Ако сакате тоа добро да го наплатите излезете со спортист. Тие се неверојатно глупави, изјави Ренер.

Британи редовно зема пари од кошаркарот на Хорнетс и живее удобен живот, а Ник Јанг даде предлог како да се ослободат од спонзорушите.

  • Ако имате дете со спонзоруша, едноставно дадете отказ, порача Јанг.

Ник Јанг честопати беше на насловните страници во жолтиот печат за време на неговата НБА кариера поради многуте убавици со кои излегуваше, што воедно ја одбележа неговата кариера.