Се поголем број на кошаркари се заразени со коронавирусот во НБА-лигата. Се пишуваше дека сезоната може да се прекине по неколку одложувања, но засега, властите се обидуваат да најдат поинакво решение. Пред неколку дена беше одложен првиот меч, Мајами немаше доволно играчи за натпреварот против Бостон, а американските медиуми шокираа кога објавија дека е одложен и петиот натпревар од почетокот на сезоната, одново кошарка нема да има во „ТД Гарден“.

Тоа ќе биде трет одложен натпревар по ред за Бостон, овој пат тие не го пречекаа Орландо, натпревар кој требаше да се одигра ноќта помеѓу среда и четврток, но веќе е познато дека Бред Стивенс нема да има доволно играчи на располагање. „Келтите“ и „Магичните“ требаше да се сретнат двапати за 48 часа, па под знак прашалник е и нивниот дуел закажан за вечерта меѓу петок и сабота.

„ЕСПН“ известува дека се откриени и повторни инфекции на одредени играчи. Од почетокот на епидемијата, над 100 лица заразени со коронавирусот се евидентирани во НБА, но се проценува дека има значително повеќе од март минатата година. Некои тимови имаа повеќе од 10 члена со позитивни тестови за Ковид-19 во претходните девет месеци.

Ѕвездата на Бруклин, Кари Ирвинг исто така е под лупа за кршење на протоколот. Поранешниот кошаркар Кливленд и Бостон пропушти три натпревари од приватни причини. На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои се гледа како Ирвинг присуствува на роденденската забава на неговата сестра. Властите ќе ги погледнат снимките, по што ќе се утврди дали кошаркарот на Нетс ќе биде казнет. Доколку се утврди дека 28-годишниот кошаркар навистина присуствувал на забавата и со тоа го прекршил протоколот, јасно е дека Стив Неш нема да може да смета на неговите услуги на следните два меча, против Њујорк и Орландо.

Поради сè што и се случи на лигата во последно време, донесена е одлука за измени во постојниот ковид-протокол. Наместо двонеделна пауза, ќе се воведат засилени мерки во борбата против пандемијата, што ќе значи, меѓу другото, дека играчите нема да можат да комуницираат со противниците пред или по натпреварот, а социјалната интеракција помеѓу играчите за време на играта ќе биде сведена на минимум.

Маските ќе мора да ги носат тренерите и членовите на стручниот штаб, но и сите играчи на клупата. По напуштањето на играта, кошаркарите ќе можат да седат на местото за одмор, кое ќе биде одвоено од клупата, но по кратка пауза, ќе мора да стават маска и да се вратат на клупата.

Во следните две недели, состаноците на тимот ќе траат до 10 минути, а сите присутни ќе мора да носат маски. Сите други состаноци ќе треба да се одржат на терен или во поголем простор што ќе им овозможи на сите присутни играчи и тренери да бидат на потребното растојание. На натпреварите на гости, на играчите ќе им биде забрането да го напуштаат хотелот, нема да имаат право да носат гости, додека домаќините ќе имаат право да ги напуштат своите домови само за потребите на тимот, сите други активности ќе бидат забранети. Исто така, секоја личност која ќе реши да посети друг кошаркар од својот тим, ќе мора да се тестира за коронавирус двапати неделно.