Сезоната во НБА лигата ќе продолжи со 22 екипи, во сосема поинаков формат на натпреварување каде ќе се одиграат осум натпревари во „Дизни светот“ во Орландо. Екипите кои немаат шанси да стигнат до плејофот, нема да ја продолжат сезоната.

Сите екипи ќе одиграат осум натпревари од регуларната сезона во Орландо, со цел да утврдат кој ќе оди во плејофот и од која позиција. Од двете конференции ќе играат екипите кои во моментот се наоѓаат на местата кои водат до плејофот, додека останатите шест екипи ќе играат во плеј-ин.

НБА лигата ја искомплицира малку оваа ситуација, но се обидуваат да ги задоволат сите екипи. Сепак, пресметката е јасна: Секој што има шанса да се квалификува во плејофот, ќе игра натпревари во Орландо.

Доколку деветтопласираниот тим има четири победи помалку од осмопласираниот тим на крајот од осум одиграни одиграни натпревари, нема да се игра плеј-ин, но осмопласираниот тим ќе оди во плејофот. Доколку деветтопласираниот тим има три или помалку победи зад осмиот тим, тие ќе играат во плеј-ин за да пласман во плејофот.

Тимовите кои во моментов се посакуваните позиции ќе им се придружат на во плејофот на Њу Орлеанс, Портланд, Феникс, Сакраменто, Сан Антонио и Вашингтон.

Лигата дополнително ќе објасни како и во кој формат ќе продолжи сезоната, а почетокот е испланиран за 31 јули.