Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Чарлс Баркли, смета дека сезоната во НБА лигата нема да заврши.

  • НБА лигата нема да продолжи, тоа е мое мислење. И, секако дека боли, затоа што знам дека многу луѓе ќе ги загубат своите работни места и проблемите се одвиваат еден по друг. Она што се случува во Флорида, во моментов е едно од најлошите места во светот и таму имаме 22 НБА-екипи. Едноставно не гледам како ќе се случи во наредните три месеци, тоа е невозможно, истакна Баркли.

НБА лигата не се игра од 11 март, кога Руди Гобер, центарот на Јута, се тестираше позитивен за коронавирус.