Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган забрани да се гледа НБА лигата додека Енес Кантер настапува во плејофот. Причината за таквата одлука е политичкиот став на турскиот кошаркар против режимот на претседателот.

НБА ѕвездата од поодамна не смее да се врати во родната земја за да го види семејството, бидејќи има забрана за влез и поништен пасош, а против него е распишана и меѓународна потерница.

Реакција пристигна и од НБА лигата, која на фановите во Турција им овозможи да ги следат плејоф натпреварите преку Интернет доколку поседуваат специјален налог.