EPA/ERIK S. LESSER

Скандалите со НБА-кошаркарите се редат како на лента. Овој пат на удар во јавноста се најде Бен Гордон (39), која бркал луѓе по улица за да ги прободе со игла. Поради ова, поранешниот НБА-играч е сместен во психијатриска установа и во неколку наврати се обиде да избега. Луѓето останале во шок, очевидците раскажуваа што се случило и многумина беа изненадени. Сето ова се случило набргу откако бил уапсен бидејќи ги претепал своето дете и полицијата.

На едно видео што се појави на социјалните мрежи, човек објаснува како напаѓал Гордон луѓе со игла за шиење и што се случувало пред да биде уапсен од полицијата.

  • Полицијата го одвела во болница, каде што во неколку наврати се обидел да побегне – вели мажот на видеото.

Потоа разговарал со очевидци.

  • Немав поим што се случува. Поминував покрај него и го видов како се обидува да ги прободе луѓето со игла – истакна еден господин.

Следуваше уште една изјава.

  • Ги однесов децата на училиште и видов како еден човек соборува друг на земја држејќи игла во рацете – додал друг човек.

Бен Гордон играше во НБА помеѓу 2004 и 2015 година, а во ова време ги бранеше боите на Чикаго, Детроит, Шарлот и на Орландо. Во својата прва сезона во НБА, тој беше прогласен за дебитант на годината во лигата и за шести играч на сезоната, што се импресивни достигнувања, особено кога ќе се постигнат за една година. Само една година претходно, тој го освои шампионатот во НЦАА-лигата со Конектикат.