Додека некои луѓе гледаат да скрпат крај со крај за време на пандемијата на коронавирусот, играчот на Портланд, Си-Џеј Мекалум, ги шокираше сите со изјавата дека околу 150 кошаркари во НБА-лигата се тешко погодени од кризата и дека живеат од платата месец за месец. Оваа изјава делува шокантно ако се знае дека минималната плата на годишно ниво во најсилната лига на светот е околу 900 илјади долари.

  • Проблем е што има доста играчи што не ја очекуваа кризата, па мислам дека околу 150 од нив од вкупно 450 живеат со чекот од месец за месец. Има доста што имаат инвестирано пари, потоа и живеат со кредити, па иако можеби мојата изјава делува шокантно, мислам дека не сум далеку од вистината, вели бекот на Портланд.

Просечната годишна плата во НБА-лигата за оваа сезона изнесува околу седум милиони долари.