Шампионот во НБА лигата, екипата на Торонто, ја почести со својата најголема ѕвезда по заминувањето на Каваи Ленард, па така Кајл Лаури доби договор што досега е виден во најсилната кошаркарска лига во светот.

Лаури беше еден од четворицата клучни играчи на „репторси“ на кои им истече договорот на крајот на претстојната сезона, но истиот е продолжен на уште една година. Лаури ќе остане во тимот до сезоната 2020/21 и ќе заработи 31 милион долари, што го прави првиот играч во историјата на НБА, кој има најмалку 32 години со едногодишен договор од над 30 милиони.

Лаури мина седум сезони во Торонто и е играч со најдолг стаж во тимот. Гледајќи ја статистиката, не би било лесно да се оправда ваков договор, бидејќи плејмејкерот минатата сезона во просек бележеше по само 14.2 поени по натпревар.

По заминувањето на Ленард, беше прашање во која насока ќе оди тимот на Торонто. Јасно е дека тие веќе не се кандидати за титулата, но сепак се добар тим кој лесно може да се пласира меѓу првите три или четири екипи на Истокот во текот на регуларната сезона.

Ова можеби е и логичен потег на клубот, да се одигра на повисоко ниво и оваа сезона во која го брани насловот, а потоа да се направи целосна реконструкција со тоа што ќе ги им дадат „клоца“ на сите ветерани. Покрај Лоури, една сезона договори имаат и Серж Ибака, Марк Гасол и Фред Ван Влет, додека се очекува повеќегодишен договор да добие најголемата млада ѕвезда – Паскал Сијакам.