Хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња ја напушти НБА и се пресели во Грција, во редовите на Панатинаикос. Хезоња ќе остане во Атина до крајот на сезоната со опција за продолжување на соработката за уште една година.

Панатинаикос го официјализира трансферот на 25-годишниот дефанзивец само два дена пред истекот на рокот во Евролигата за регистрација на нови играчи.

Тој замина во САД откако беше избран за петти пик на драфтот во 2015 година од Орландо. Настапуваше и за Њујорк и Портланд, за кои минатата сезона имаше просек од 4.8 поени и 3.5 скока по натпревар.