Џејмс Харден беше брилијантен на своето деби за Бруклин по трејдот од Хјустон, но тој не привлече внимание само со тоа.

Популарниот „Брада“ на првиот меч забележа „трипл-дабл“ и победа, сепак, неговиот физички изглед изненади многумина. Една од главните теми околу Харден на почетокот на оваа сезона не беше само дали и кога ќе го напушти Хјустон, туку и неговиот огромен стомак кој го имаше.

Сепак, на натпреварот меѓу Бруклин и Орландо, Харден покажа одлични кошаркарски вештини, но и фактот дека веќе нема воопшто вишок килограми. Фановите веднаш започнаа да споредуваат фотографии „пред и потоа“ на Интернет, а некои дури се пошегуваа дека Харден досега носел само лажен стомак…