На 72. филмски фестивал: Алехандро Инариту – претседател на канското жири

107

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Инариту, автор на филмовите “Повратникот” и “Бирдмeн” ќе претседава со жирито на 72. Кански филмски фестивал, што ќе се одржи од 14 до 25 мај годинава.

“Со изборот еден мексикански уметник првпат да претседава со жирито, Фестивалот има намера да ги прослави ‘целокупниот мексикански филм’ и го става во прв план режисерот, кој беше особено познат во Кан со првата инсталација во виртуелната реалност која се најде во официјалната селекција”, соопштија организаторите на Фестивалот.

Тој ќе ја наследи Кејт Бланшет, која минатата година претседаваше со жирито на престижниот светски фестивал.