На 2 јануари во Атина ќе се потпише договор за гасоводот ИстМед

79

Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис, на 2 јануари 2020 година, во Атина ќе потпишат договор за гасоводот ИстМед (EastMed), соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

Договорот ќе се финализира и со потпишување од Италија.