Просечните љубители на тенисот и на навивачите на Новак Ѓоковиќ, ништо не им значи името Улисис Бадио, но без него светскиот тениски рекет број еден не би бил тоа што е во моментов. Станува збор за еден од најважните луѓе во неговиот тим. Неверојатно е што овој физиотарапевт и нутриционист мора да следи и за се што треба да води сметка до најмалите ситници.

Неговиот сон да работи со светскиот рекет број еден се оствари во 2017 година, кога Новак го повика да го лечи кога му пукнаа стомачните мускули и тоа многу успешно ја санираше и од тогаш трае нивната соработка.

-Одговорноста кај тенисер како што е Ѓоковиќ е 200 %, бидејќи кога ќе допрете таков спортист во секој момент можете да бидете на секунда од тоа да го повредите. Морате да ја познавате неговата антомија и сцојата професија, како што тој го познава своето тело. Студирав кинеска медицина долги години. Ова мое искуство на други полиња добро ми послужи, изјави Бадио и потоа откри:

-Се почнува еден ден пред турнирот или мечот. Морам да знам како ќе да спие, што му е потребно, да му подготвам пијалок со елетролити, што треба да го земе пред мечот, неговата исхрана… Морам да имам целосна контрола и кога ќе дојде денот на мечот го прашувам како се чувствува. Со него работам 24. часа на ден. Не можам да поминам четри часа во неговото лечење, а потоа да одам да го видам само пред меч. Морам да го следам секој негов чекор, дури и кога седи, да видам какво е негвото држење или да знам колку вода има испиено или колку јадел, или дали долго разговарал на телефон, бидејќи секој мал детал може да го поремети додека го игра натпреварот. Тоа е споредниот дел. Кога физички го лечам, доажа делот кога морам да работам на мануелно ниво, тераписки, за тој да биде во оптимална кондиција. Тоа е машина “ферари“како што јас го викам и секогаш мора да биде наштелуван до милиметар.

Арентинскиот физиотарепевт одговори и на прашањето дали смета дека сликата во јавноста за Ѓоковиќ е неправедна.

-Тоа нисе случува на сите во животот. Пред некој да го видите како лошо момче во филм, само погледнете се себе. Кој е берзгрешен, прв нека го фрли каменот. Зборуваш за личност која не ја познаваш и тоа често ме боли, бидејќи ако го напаѓаат , јас тоа го сфаќам лично. Во секој случај познавајќи го, моќе да биде и нешто поволно, бидејќи може да му даде сила, заклуи Улисис.