Една од најпопуларните турбо фолк ѕвезди  на Балканот, Цеца Ражнатовиќ, денеска полни 46 години, но за српските медиуми вели дека нема да прави голема забава туку дека ќе прослави скромно со семејството и пријателите.
-Јас во принцип секогаш ги славам родендените. Годинава решив да не славам оти онака, баш добро си поминавме на роденденот на Анастасија. Па си реков, нема потреба да го славиме и мојот. Освен тоа имам некои работни обврски, вели таа за Ало.