Како се наближува летната пауза во Формула 1, така се почесто се пишува за возачките постави за наредната сезона. Во овој момент голем број возачи се загрижени, бидејќи ако не се покажат добро во наредните две трки би можеле да останат без место меѓу елитата.

Не е сигурно ниту местото на Валтери Ботас во редовите на Марцедес, а Пјер Гасли и покрај слабите настапи во текот на оваа сезона има силна поддршка од шефовите во Ред Бул, особено по добрата трка на „Силверстоун“. Но, нов лош резултат би можело да го чини место зад воланот на болидот.

Најзагрозени дефинитивно се Роберт Кубица и Антонио Џовинаци. Полскиот ветеран се врати во елитното автомобилистичко натпреварување по повреда, но факт е дека поради дебаклот кој го приредува на патеката тешко дека ќе успее да остане во Формула 1. Ништо подобра не е ниту ситуацијата на младиот Италијанец, кој е еден од осуимте возачи кои до сега немаат освоено бодови сезонава.

На испит е ставен и Нико Розберг во Рено, кој е рекордер по бројот на настапи без освоен победнички подиум  во најбрзиот „циркус“ на денешницата, а притоа тешко се носи со резултатите кои ги остварува Даниел Рикардо. Доколку не направи нешто уште на следната трка во Хокенхајм во недела, францускиот тим сигурно ќе го отпише.

Што се однесува до Роман Грожан кој целосно се загуби сезонава и на минатата трка предизвика судар внатре во боксот за време на тренингот, е близу до „црвен“ картон, исто како и неговиот тимски колега Кевин Магнусен. Со огледа на тоа како му оди на американскиот тим можеби ќе дојде до промена на комплетната постава во тимот, иако Данецот Магнусен бар на квалификациите знаеше да биде брз и можеби заслужува втора шанса.

Од преостанатите, нормално дека ќе продолжи притисокот на Себастијан Фетел кој не знае за победа речиси година дена, а неговиот пад започна токму на трката во Хокенхајм.

Поради тоа Големата награда на Германија би можела да донесе премногу возбудувања, бидејќи пилотите не смеат да направат нова грешка која скапо ќе ги чини во иднина.