Претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, верува дека во иднина рекордите на Луис Хамилтон ќе бидат надминати, иако денес изгледаат недофатливи.

Британецот ја брка осмата титула во Формула 1, со која би избил на врвот кога е во прашање бројот на титули (Михаел Шумахер има седум), а во текот на кариерата веќе ги надмина многуте достигнувања на легендарниот Германец, за кои пред да се појави Хамилтон се сметаше дека е невозможно да се надминат.

Актуелниот шампион е рекордер во Ф1 по број на победи (100), пол-позиции (101), по бројот на подиуми (176) и освоени бодови (4.025,5). Се уште размислува за натпреварување, па сигурно е дека ќе ги зголеми тие бројки, а јасно е зошто повеќето љубители на овој спорт мислат дека неговите резултати засекогаш ќе стојат на врвот.

Но, Стефано Доменикали не се согласува со тоа.

  • Мислевме дека рекордите на Михаел Шумахер не можат да се надминат, но Луис успеа. Слично, верувам дека бројот на победи на Хамилтон ќе бидат надминати во иднина, тоа е убавината на спортот. Сигурен сум дека Михаел беше голем поттик за Луис и дека Луис ќе биде поттик за другите возачи во иднина. Имам голема почит за она што тој успеа да го постигне, истакна Доменикали.

Во споредба со минатото, денес во Формула 1 се даваат повеќе бодови, се воведуваат новини (како што се спринт-трките, бодови за најбрз круг), а има и значително повеќе трки во шампионатот, што во иднина овој број може да се зголеми. Така, оние возачи со најдобри болиди добиваат уште повеќе можности во текот на годината за победи, подиуми, па нема да биде ни чудо што рекордите постојано ќе се соборуваат.