На крос-кантри трката на 30 километри на која настапи и македонскиот олимпиец Ставре Јада, еден од натпреварувачите се пожали дека за време на трката му замрзнал пенисот.

Поради лошите временски услови, трката која требаше да изнесува 50 километри беше скратена на 30км., но тоа не му помогна многу на финскиот скијач  Реми Линдхолм, кој трката успеа да ја заврши, но со замрнат пенис.

Линдхолм помина нешто помалку од еден час и 16 минути во услови на екстремно ладен ветер, што доведе до тоа да доживее замрзнување на чувствителниот дел од телото по втор пат во неговата кариера, откако тоа му се имаше случено и на трка во Финска.

  • Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… тоа беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави Финецот.

По завршување на трката тој морал да употреби топли облоги и нагласи дека процесот на одмрзнување бил болен.