Трката во крос-кантри од 50 километри на Олимписките игри во Пекинг, беше скратена на 30 километри поради лошите временски услови, но тоа не му помогна многу на финскиот скијач Реми Линдхолм, кој успеа да ја заврши трката, но со замрнат пенис.

Линдхолм помина нешто помалку од еден час и 16 минути во услови на екстремно ладен ветер, што доведе до тоа да доживее замрзнување на чувствителниот дел од телото по вторпат во неговата кариера, откако тоа му се имаше случено и на трка во Финска.

-Можете да погодите кој дел од телото беше малку замрзнат кога завршив… тоа беше еден од најлошите натпревари на кои сум бил, изјави тој за финските медиуми.

По завршување на трката тој морал да употреби топли облоги и нагласи дека процесот на одмрзнување бил болен.